Вести

Агресивно куче нападнало ученици и возрасни во Куманово

Агресивно куче нападнало ученици и возрасни во Куманово

Агресивно куче, нападнало три ученика од основното училиште ,,Крсте Мисирков”, надвор од училишниот двор за време на голем одмор, кучето нападнало и возрасни лица. По пријавата е заловено и префрлено во прифатилиште.

Како што информираат надлежните кучето не било скитник, веројатно избегало.

Инцидентот според информациите на директорот на основното училиште Крсте Мисирков, се случил на голем одмор, на дваесетина метри надвор од училишниот двор.

  • Децата се трауматизирани од нападот на кучето. За среќа на лице место имало полиција и вработени во Чистота и зеленило кои им помогнале на децата. Учениците за среќа поминале со благи рани кои се санирани во кумановската болница . Децата треба да примаат вакцина и истите се упатени за Скопје бидејќи во Куманово немаат вакцина, изјави Филип Колевски в.д. директор на Основно училиште Крсте Мисирков.
  • Добивме пријава за присуство на агресивно куче кај основното училиште Крсте Мисирков, по што веднаш интервениравме и го заловивме кучето информираше Бобан Бојковски раководител на сектор за инспекциски надзор.

Кучет според Бојковски не било чипирано, но и не било куче скитник. Тој најави дека инспекциските служби ќе прават поголеми надзори во близина на училиштата

  • По дојавите, кучето е седирано и заловено. Во моментов е префрлено во прифатилиштето. По нашите проверки во присуство на овластен ветеринарен инспектор од Агенција за храна и ветеринарство за општина Куманово и на комунален редат од општината, кучето не е евидентирано како куче скитник. Ова куче најверојатно е побегнато и му се исечени ушите, изјави директорот на ВСЦ „Тодор Велков“, Зоран Пешевски.

Од СВР Куманово го потврдуваат случајот и работат на целосно расчистување.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

March 13th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *