Вести
Во акциска контрола на полицијата казнети 333 возачи, возеле пијани, со поголема брзина и без дозвола
Секторот за внатрешни работи Куманово, за викенд, споведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитууваат сообраќајните прописи.
Како што информираат од полицијата, на подрачјето на СВР Куманово биле санкционирани 333 возачи, од кои 285 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 31 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и три за нерегистрирано возило. Санкциониран е едeн возaч поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.22 промили.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.
Сузана Андоновиќ








