Вести

Со автомобил удрил во заштитен столб на патарина Романовце, загинал на лице место

Со автомобил удрил во заштитен столб на патарина Романовце, загинал на лице место

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа, откако со автомобил удрил во столб од наплатна станица,, Романовце”.

 

Според информациите на полицијата, несреќата се случила рано утрово на лентата во правец од Скопје кон Куманово. Возилото удрило во бетонски дел на патарината, по што избил и пожар. Возачот загинал на лице место, а во интервенцијата учествувале кумановските пожарникари кои го сечеле автомобилот за да го извлечат загинатиот.

Полицијата засега нема информации за идентитетот на загинатиот, бидејќи документите на автомобилот и документите кај загинатото лице биле различни.

-На 09.03.2023 околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, информира МВР.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

March 9th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *