Вести
Возел под дејство на алкохол со 2,18 промили во Куманово, полицијата откри и казни уште 18 возачи кои возеле пијани
Полицијата викендов казнила 158 возачи на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово, а бил казнет и возач кој возел со 2,18 промили алкохол.

Како што информираат од СВР Куманово викендов најголем дел од казните, 123 биле за управување возило со поголема брзина од дозволената.
Под дејство на алкохол кои управувале моторно возило биле казнети 19 возачи , а кај еден возач регистрирале 2,18 промили алкохол во крвта.

– Санкциониран е едeн возaч поради неприлагодена брзина на движење од 103 км/ч во населено место и едно лице поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.18 промили, информраат од кумановската полиција.
Меѓу казнетите се и 14 лица кои возеле без возачка дозвола и двајца кои возеле нерегистрирано возило.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од полицијата.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Куманово.
Сузана Андоновиќ








