Вести

Почина бебето со туберкулоза, семејството со потпис ја напуштило болницата

Почина бебето со туберкулоза, семејството со потпис ја напуштило болницата

Бебето на 24 Февруари било хоспитилизирано на клиниката во тешка состојба и со само со три килограми тежина. Според докторите бебето било болно со месеци и се заразило од неговата болна мајка од самото раѓање.

Директорката на клиниката за детски болести, професор доктор Стојка Фуштиќ изјави дека бебето во целиот процес на хоспитализација било изолирано од другите деца и било третирано од посебен персонал на клиниката.

Таа вели дека не може да се каже дали детето можело да се спаси доколку било третирано порано, но на оваа клиника е донесено во многу тешка состојба. Инфекцијата не била дијагностицирана во рана фаза, иако имало податок дека и мајката боледува од оваа болест и неколку месеци се лекувала на Институтот за белодробни заболувања.

Таткото негираше дека неговото бебе, кое беше донесено во болница со само три килограми тежина било запоставено и неухрането, како што првично се пишуваше во јавноста, туку било предвреме родено. Проверки направиле и социјалните служби во Куманово и констатирале дека нема пропусти во негата и грижата за бебето.

Со потпис од таткото, членовите на семејството кои превентивно беа задржани во Институтот во Козле, ја напуштиле болницата откако дознале за смртта на бебето. Според директорката на одделот за туберкулоза, тие се во добра општа состојба, со уреден белодробен наод, но треба да се вратат на доследување затоа што сите четворица се инфицирани, иако немаат симптоми на болеста.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

March 6th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *