Вести
Одбиено барањето на Ѓоковиќ за американска виза
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, нема да може да настапи на претстојните турнири во Индијан Велс и Мајами, откако неговото барање за влез во САД е одбиено.
Ѓоковиќ мораше да достави соодветна документација и да поднесе барање за посебна дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.
Американските медиуми јавија дека на Ѓоковиќ не му е одобрена американска виза, а тоа го потврди и сенаторот од Флорида, Рик Скот.
„Добивме информација дека е одбиено барањето на Ѓоковиќ за влез во нашата држава. Меѓутоа, веруваме дека оваа одлука сè уште може да се промени“, изјави сенаторот Скот.
Во писмото е наведено дека Ѓоковиш е во одлична физичка состојба.
“Господин Ѓоковиќ спаѓа во светската спортска калса, со одлична физичка состојба и не постои никаков ризик за било какви компликации од Ковид-19. Нелогично е мислењето на вашата администрација да не ја прифати молбата за доаѓање и патување во САД, пишува во писмото Сенаторот Скот.
Тој на Твитер напиша дека нема смисол кога Џо Бајден прогласува дека нема повеќе ковид, а на Ѓоковиќ да не му дозволат да дојде во САД поради вакцина.
.@JoeBiden said COVID-19 is over. It’s time to end the vaccine mandate for international travelers.@SenMarcoRubio & I are urging the admin to grant @DJokerNole his waiver and LET HIM COMPETE. https://t.co/fidRmWmJO8— Rick Scott (@SenRickScott) March 3, 2023
Сузана Андоновиќ








