Вести
Повторно насадени извадените садници до реката Кумановка на Октомвриска, надлежните апелираат да се чуваат
На иста локација, до реката Кумановка на Октомвриска револуција, вработените од Чистота и зеленило повторно ги насадија насадите на чемперс, кои пред неколку дена беа извадени од несовесни граѓани. Околу 25 садници беа извадени пред шест дена, а денес повторно се вратени на истата локација.


Случајот го забележале станарите на зградите кои пријавиле во Чистота и зеленило од каде го осудија настанот и апелираат до граѓаните да ги чуваат насадите.
Повторно е извршен вандализам на садници од несовесни граѓани. Повеќе од 25 садници се извадени на локација зад поранешен Мај Маркет, чемперс садници беа задени за подигање на нов зелен појас на таа локација.
„Ова не прв случај, секојдневно имаме вакви појави и ни се прави голема матерјална штета. Минатата година засадивме над 8000 садници што е невиден рекорд, но дел од садниците се уништени од несовесните граѓани. Повторно апелираме до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите, како и да не ја уништуваат урбаната опрема“, изјави по увидот директорот на ЈП Чистота и зеленило, Даниел Стојчевски.
Сузана Андоновиќ








