Вести
Ветерот го отежнува целосното гасење на пожарот на депонијата Краста
Поголемиот дел од пожарот на градската депонија Краста е изгаснат, во моментов се гаси повисокиот и непристапен дел на депонијата информираат од ЈП Чистота и зеленило. Пожарот настанал пред три дена, а надлежните велат дека се активирани дополнителни механизации и од приватни сопственици да се санира целосно пожарот на депонијата.

Според информациите на Даниел Стојчевски, директор на Чистота и зеленило силниот ветер е причината поради која не може целосно да се изгасне пожарот.
– На 26 ти во недела во раните утрински часови поради силниот ветерот дојде до настанување на пожар на градската депонија Краста, каде ЈП Чистота и Зеленило го одлага ѓубрето. Сметот кој се складира на депонијата се меша со земја заради санација на самата депонија, меѓутоа сепак во внатрешниот дел на депонијата има гасови кои што тлеат и поради нив доаѓа до настанување на пожар и се многу тешки за гасење. Во два три наврати имавме такви палења за кои сметаме дека се намерни од човечки фактор, што беше пријавено и во СВР Куманово. Сега, поради силниот ветер дојде до палење на целата депонија. Во неделата заедно со противпожарната служба реагиравме во текот на целиот ден. Беше многу тешко за работа поради силниот ветер имаше многу чад, во текот на вчерашниот ден го ставивиме под контрола целиот пожар но останаа уште 30 проценти, оној дел висока платформа која е многу тешка и не пристапна за работа за гасење на самата механизација и се надеваме во текот на денот ќе ја санираме целосно, бидејќи имаме ангажирано и дополнителна механизација и приватни стопанственици кои помагаат и учествуваат во носење на земја која претставува начин на гаснење и угушување на тој чад кој произлегува од метанот кој се наоаѓа во самата депонија,- вели Даниел Стојчевски, директорот на Чистота и зеленило. Тој им се извинува на граѓаните кои живеат во близина на депонијата.









