Вести
Сопружници тепале куче на сосед им удавило кокошки, а полицијата им поднесе кривична
Против сопружници од кумановското село Љубодраг, полицијата поднесе кривична пријава за мачење на животни, им го тепале кучето на соседите, бидејќи им удавило 15 кокошки.
Според МВР, Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против двајца жители на кумановското село Љубодраг, сопружници, на возраст од 61 и 66 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни”, информира МВР.
Според надлежните, пријавените, на 24 јануари годинава во селото Љубодраг со тврди предмети го удирале кучето на нивниот сосед , откако претходно влегло во нивна штала и усмртило 15 нивни кокошки.
Сузана Андоновиќ








