Вести

Високите казни не ги спречуваат возачите во Куманово да ги почитуваат сообраќајните правила, само за викенд казнети 136 возачи

Високите казни не ги спречуваат возачите во Куманово да ги почитуваат сообраќајните правила, само за викенд казнети 136 возачи

За поголема брзина од дозволената за викендот во Куманово биле казнети 105 возачи, а под дејство на алкохол 31 возач информираат од полицијата.

Полиција Октомвриска револуција Куманово

На територијата на СВР Куманово викендов била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 105 возачи. Од нив 89 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

На територија на Куманово спроведена е и зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 31 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од полицијата.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

February 27th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *