Вести
Вонредни контроли кај правни субјекти кои произведуваат бои, откако водата во пречистителната добила црвена боја
Водата во пречистителната станица во Куманово била со невообичаена црвеникава боја, надлежните од станицата реагирале и до општинскиот и до државниот инспекторат за животна средина, соопштија надлежните. Испитувањата покажале дека влезните параметри на отпадните води сè во граничните вредности.
Помошникот раководител на пречистителна станица за отпадни води Куманово, Габриела Белчевска, рече дека отпадната вода на 21 февруари нешто пред 12 часот била со светло црвена боја. Стручните зеле мостри, извршиле анализа во нивната лабораторија.
Констатиравме дека концентрациите се во нормала со што немаше отстапувања, освен што бојата беше обоена и беше од непознат карактер. Пријавено е до сите институции, инспекторите излегоа на терен, зедоа изјава и сето тоа го имплементираа на нивен начин. Очекуваме резултати. Сето тоа ни прави промени во прочистување на отпадна вода со што трошиме повеќе електрична енергија и прави штета за микроорганизмите кои од отпадната влезна вода ги користат како храна. Засега се е во најдобар ред концентрациите во излезната прочистена вода која влегува во река Кумановка се во нормала, пропишани со правилникот за Законот за води, изјави Белчевска.
Вчера, Државен инспектор за животна средина, извршил вонреден надзор. Тие добиле известување од пречистителната станица.
– Веднаш е стапено во контакт со одговорното лице на ЈП „Водовод“ Куманово пречистителна станица и овластениот инспектор за животна средина и се дадени усни упатства да се земат примероци за анализа, проверат главните фекални шахти и правните субјекти кои произведуваат бои и други инсталации коишто можат да направат обојување на отпадните води. При надзорот од страна на ДИЖС се дадени резултатите од анализите на земените примероци направени во сопствената лабораторија за концентрација на и дадени во дозволата за испуштање на отпадна вода со број на дозвола број УП1 11/5-1491/19 од 16.03.2020 година издадена од МЖСПП, соопштија од Државниот инспекторат.
Овластениот инспектор за животна средина при Општина Куманово, Бобан Бојковски, потврди дека настанало обојување на отпадната вода во пречистителната станица, но дека анализите покажале е во граница на нормала.
– За да се превенира и спречи натамошно оштетување, сега за среќа нема ништо, една од мерките кои се наложени ние како општински инспектор за животна средина ќе преземеме поинтензивни редовни надзори над правните субјекти со цел да спречиме евентуално некакво испуштање. Имаме информација од државниот инспекторат дека испуштање на отпадни масла во отпадна вода има и во Кочани, изјави Бојковски.
Сузана Андоновиќ










