Вести

Четири лица повредени во сообраќајна незгога на автопатот кога „Шкода“ удри во полициско возило во Куманово

Четири лица повредени во сообраќајна незгога на автопатот кога „Шкода“ удри во полициско возило во Куманово

Четири лица се повредени, меѓу кои и еден малолетник, откако „Шкода фелиција“ удрила во паркирано возило на полицијата на автопатот Куманово- Табановце.

– На 21.02.2023 околу 20.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Табановце, патничко моторно возило „шкода фелиција“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41) од село Никуљане, Куманово, удрило во службено возило на МВР, кое било паркирано поради вршење на увид за друг настан, информираат денеска од Секторот завнатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“, сопатниците Р.Б., АБ, и еден малолетник, констатирани во Општа болница Куманово.

Во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи стои дека на истата локација околу 20 часот Итната медицинска помош имала интервенција кога жена паднала во бесознание на патот Куманово – Скопје.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

February 22nd, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *