Вести
Поради сообраќајна незгода од 21 часот во прекин сообраќајот на автопатот во правец од мост во Бедиње до граничен премин Табановце
Поради сообраќајна незгода автопатот од бензинска пумпа Макпетрол до граничниот премин Табановце од 21 часот е во прекин, информираат надлежните. Автомобил Шкода удрило во службено возило на МВР.
Од Секторот за внатрешни работи информираат дека на 21.02.2023 година во 20.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Табановце се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “шкода”удрило во службено возило на МВР. Увидот е се уште во тек.











