Вести
Дојава за бомба во основните училишта Браќа Миладиновци и 11 Октомври
Во две основни училишта во Куманово на меил адреса пристигнала дојава за поставена бомба во училиштата, потврдуваат од кумановската полиција. Учениците и наставниците се безбедно евакуирани, а полицијата врши увид во училиштата.
– Денеска (16.02.2023) е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и две училишта во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, закана била упатена и на приватни меилови на 9 професори од истите училиштата.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите- информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Сузана Андоновиќ








