Вести
Во јануари регистрирани 27 сообраќајни незгоди на подрачје на СВР Куманово, едно лице го загубило животот
Според извештајот на Секторот за внатрешни работи Куманово, во текот на месец јануари годинава се случиле 27 сообраќајни незгоди, во кои едно лице го загубило животот, две лица се стекнале со тешки телесни повреди, девет со телесни повреди и во 15 случаи предизвикана е материјална штета.
Во истиот месец минатата година биле регистрирани 41 сообраќајна незгода во кои загинале две лица, што споредбено со 2023 година преставува за 34 проценти намален бројот на сообраќајни незгоди во јануари годинава споредбено со истиот период лани.
СВР Куманово и во наредниот период ќе продолжи да спроведува зајакнати акциски контроли за санкционирање на возила и возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на сите учесници, стои во соопштението на СВР Куманово.
Радио Бум








