Вести

Кривична пријава против претседателот на здружението на пензионери Куманово

Кривична пријава против претседателот на здружението на пензионери Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 69-годишниот Б.Ј. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Од СВР Куманово соопштуваат дека пријавениот, како претседател на Здружението на пензионери Куманово, на 20.12.2021 година донел одлука за усогласување на висината на надоместок на функционерите на здружението, со што постапил спротивно на Статутот на здружението и Одлуката на Собранието на здружението од 19.02.2016. На тој начин за себе, секретарот и потпретседателот на здружението во 2022 година исплатил сума во вкупен износ од 60.000 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Здружението на пензионери Куманово, информираат надлежните.

Радио Бум

Radio Bum

February 14th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *