Вести

Измамен жител на Липково за 400 евра, измамникот лишен од слобода

Измамен жител на Липково за 400 евра, измамникот лишен од слобода

Жител на Липково бил измамен за 400 евра од Т.Т. од Куманово. Како што информираат од полицијата измамениот жител на Липково се договорил со лице од Куманово да му изгради куќа, по договорот на наводниот изведувач му дал 400 евра по што тој не се појавил. Измамникот е лишен од слобода.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи на 07.02.2023 во 11.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Т.(41) од Куманово. Тој се сомничи дека измамил 31-годишен жител од Липково за сума од 400 евра. Имено, откако се договориле дека ќе му изгради куќа, ги зел парите и веќе не се појавил. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

February 8th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *