Вести

Непрооден патот Длабочица -Дејловце

Непрооден патот Длабочица -Дејловце

Како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи локалниот пат Длабочица село Дејловце од вчера е непрооден од снежни навеви, од каде жителите побарале помош за расчистување на патот. Како што информираат од центарот помош било побарана и од група граѓани кои биле заглавени на патот од Кокино према Арбанашко и Дејловце.

– Во РЦУК Куманово ни се јави лице и не извести дека од снежните навеви и силен ветер преку ноќта што го зафати тој крај патот Длабочица- Дејловце е непрооден и побара помош за расчистување на патот,бидејки имал мали деца кои требало да одаат во школо.
Во 10:15часот од 112 добивме известување дека Заглавена група на граѓани на патот од кокино према Арбанашко -Длабочица бараат помош да се исчисти главниот пат.
Од наша страна известени се сите субјекти во врска со непроодност на патните патишта и во текот на утрешниот ден ќе се интервенираат повторно- велат од Регионалниот центар за управување со кризи.

фото архива Бум

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

February 6th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *