Вести

Во Куманово на три различни локации запалени оџаци

Во Куманово на три различни локации запалени оџаци

Кумановската противпожарна единица изминативе 24 часа гасела пожари на три запалени оџаци, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Оџак на семеен дом сезапалил во село Љубодраг, вчера по 21 часот, за половина час го изгасиле тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Од 22:45 до 23:15 часот, пожаринкарите гаселе пожар на запален оџак на куќа во населбата „Карпош“. Претходно, кумановските пожарникари интервенирале и на улицата „Народна Револуција“ каде гаселе пожар на запален оџак.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

February 6th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *