Вести

Со автомобил удрил пешак на паркинг простор кај автобуската станица

Со автомобил удрил пешак на паркинг простор кај автобуската станица

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна незгода која се случила на паркинг простор на автобуската станица на ул.„Доне Божинов“.

Според информациите на полицијата повреден е триесет и петгодишен кумановец, тој се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило возило управувано од 72-годишен жител на Старо Нагоричане. Во СВР Куманово вчера изутрина било пријавено дека на паркинг простор од автобуската станица на ул.„Доне Божинов“ , патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, удрило во пешакот од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Повредите на пешакот биле констатирани во Општата болница во Куманово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

February 3rd, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *