Вести

Сушата го намали капацитетот на браните Глажња и Липково, во моментот има само 30 проценти исполнетост

Сушата го намали капацитетот на браните Глажња и Липково, во моментот има само 30 проценти исполнетост

Капацитетот на браните Глажња и Липково во моментот се 30 проценти, што претставува мала количина на вода, но надлежните од водостопанство Кумановско-липковско поле се надеваат дека ќе има врнежи од дожд и снег со што ќе се зголеми нивото на водата во браните.

И покрај намалувањето на капацитетот на водата надлежните велат дека за граѓаните ќе има доволно вода.

Имаме надеж дека до почетокот на сезоната ќе имаме доволно вода, се надеваме на поголеми врнежи со што ќе се покачи нивото на водата во браните, изјави директорот, Оливер Илиевски.

Тој кажа дека во изминатиов период и во моментов, не е затворен третиот вод познат како „бајпас“ до „Водовод“ Куманово, а одлуката била донесена со цел да се помогне на ЈП „Водовод“ да ги намали сметките за електрична енергија.

– Поради високите цени, за да помогнеме на јавното претпријатие и финансиски да се стабилизира ја донесовме одлуката. Од 1 декември лани, претпријатието користи повластена цена на електрична енергија и во иднина ако продолжи ваквата состојба на браните ќе го затвориме „бајпас“ во март и април и повторно ќе биде пуштен, изјави Илиевски.

Граѓаните ќе имаат вода за пиење, иако просечно во јануари исполнетоста на браните е од 50 до 60 отсто, сепак од претпријатието се надеваат дека ќе обезбедат вода и за земјоделците за наводнување.

И претходните години имало помали количини на вода, информира Илиевски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

February 1st, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *