Вести
Борислав Кузмановски го фати светиот крст во базенот на црквата Свети Никола во Куманово
Дваесет и тригодишниот Борислав Кузмановски од Куманово го фати крстот денеска во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово, тој е професионален војник во Армијата на Република Македонија, а како што изјави Кузмановски трет пат скокак по крстот, а оваа година му била среќна и да го фати крстот. Во базенот во црквата Свети Никола по крстот скокаа околу педесетината момчиња.
– Им посакувам на сите здравје и среќа на овој празник Богојавление, Водици, сите да се живи и здрави пред се, вели Кузмановски.
Кузмановски доби пригодни подароци од црквата и спонзорите, а од градоначалникот Максим Димитриевски беше даруван со телевизор.
Сузана Андоновиќ