Uncategorized

Драган Даравелски денес уапсен на граничен премин Табановце

Драган Даравелски денес уапсен на граничен премин Табановце

Поранешниот прв цариник, Драган Даравелски, е уапсен денес во 12 часот од страна на Министерството за внатрешни работи на граничниот премин Табановце, потврдија за радио Бум извори од граничниот премин.

Поранешниот цариник се товари дека во времето додека бил директор на Царинската управа ја злоупотребил службената положба.

Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, во 2007 година во отсуство беше осуден на казна затвор во траење од седум години.

Тој се товареше дека додека бил директор, ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа. Доцевски беше осуден на казна затвор во траење од четири години и 10 месеци. Според обвинението, со работењето на Даравелски и на Доцевски државата била оштетена за 2,5 милиони евра

Со истата пресуда судот одлучи на двајцата да им се заплени имот во висина од 103 575 167 денари најдоцна 30 дена по правосилноста на пресудата.

Во јули 2010 година, Агенцијата за управување со одземен имот, врз основа на правосилна пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје, со решение до Агенцијата за катастар на недвижности на РМ изврши промена на сопственост на имотните листови на две парцели во КО Куманово и една во КО Центар – Скопје од лицето Драган Даравелски во корист на Република Македонија, а со истата пресуда, со решение извршен е пренос на имотот на поранешниот сопственик Киро Доцевски во КО Куманово во сопственост на Република Македонија.

Даравелски беше уапсен и во 2004 година од страна на српската полиција, врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол Скопје. Тогаш на Даравелски му беше определен екстрадиционен притвор, но тој никогаш не ѝ беше испорачан на земјава.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

January 10th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *