Вести

Нова дојава за поставени бомби во 8 основни училишта во Куманово

Нова дојава за поставени бомби во 8 основни училишта во Куманово

Ќе почувствувате силна експолозија за неколку минути, доста беше, оваа е пораката која пристигнала во 14 часот и 51 минута на меил адреса на 8 основни училишта во Куманово. Учениците се безбедно евакуирани, велат од училиштата.

Заканата за експлозивна направа е испратена како групна електронска порака до училиштата „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Браќа Рибар“, „Јероним де Рада“, „Карпош“ во село Умин Дол, „Кирил и Методиј“ во селото Табановце и „Кочо Рацин“.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово потврдуваат дека во осум основни училишта пристигнала дојава.
– Дo сега, попладнево, e пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и 8 во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од СВР Куманово.
Дојавата пристигнала во 14:51 часот.

– Повторно имавме евакуација на ученици, меѓутоа овој пат од друга мејл адреса испратено, во меѓувреме имавме показни вежби, ги едуциравме учениците како да излезат, излеговме побрзо од минатиот пат. Сите се живи и здрави и се надевам во своите домови моментално.имаме присуство на полиција, во ист момент кога пријавивме тука беа припадниците на СВР Куманово, во моментов очекувам да дојде антитерористичка единица. Инспекторот од антитероризам и крим техника ме информираа да го препратам мејлот до СВР Куманово, се надевам дека е лажна и овој пат. Оваа учебно прво полугодие од учебната 2021/2022 ни остануваат уште два дена, наместо да бидат денови за веслба на учениците ги претворивме во денови на хорор, немам соодветен збор, страв, трепет. Ќе размислиме и ќе ги следиме насоките од МВР и СВР дали да продолжиме овие два дена, какви насоки ќе добиеме така ќе постапиме, јас како директор во овој момент и со ваква тежина како дојава за бомба не можам да носам одлука за прекин на наставата.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 28th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *