Вести

Засилени полициски контроли и ноќен радар за поголема безбедност во сообраќајот во  претпразничните денови

Засилени полициски контроли и ноќен радар за поголема безбедност во сообраќајот во претпразничните денови

Секторот за внатрешни работи, спроведува засилени сообраќајните контроли во Куманово за подигнување на свеста кај граѓаните и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Од полицијата апелираат секој од нас, посебно во овие претпразнични денови да се однесува одговорно во делот на сообраќајот и возачите и пешаците бидејќи сите се учесници во сообраќајот.

– СВР Куманово континуирано презема мерки и спроведува зајакнати акциски контроли за санкционирање на возила и возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Покрај дневните контроли за санкционирање возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, кои управуваат со возило под дејство на алкохол или оние кои непрописно престигнуваат, се врши и снимање со „ноќен радар“ за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Меѓу другото, полициските службеници се распоредени на терен и согласно своите законски надлежности преземаат соодветни мерки доколку се случи сообраќаен метеж, вели Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

– Во името на Секторот за внатрешни работи Куманово апелирам посебно во овој период граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно со цел сите ние безбедно и смирено да ги поминеме престојните празници, вели Младеновска.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 28th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *