Вести

Бесплатен јавен превоз за граѓаните на Куманово во наредните шест месеци

Бесплатен јавен превоз за граѓаните на Куманово во наредните шест месеци

Кумановци ќе имаат бесплатен превоз наредните шест месеци, донесоа одлука советниците на последната седница. Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информираше дека Советот на општината го прифати неговиот предлог и едногласно донесе одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина.

– Со оваа одлука граѓаните во наредниот период ќе можат бесплатно да го користат јавниот линиски превоз за своите потреби. Во време на економско-енергетска криза граѓаните на Општина Куманово добиваат можност за значителни заштеди во семејниот буџет. Со ова, ќе придонесеме за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето. Дополнително, ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби, потенцира Димитриевски.

Речиси 80 проценти од кумановци на претходно спроведената анекта покажаа интерес за воведување бесплатен автобуски превоз. Според анкетата „Јавниот превоз во Општина Куманово, потреба од бесплатен јавен превоз и негово влијание врз квалитетот на животот на граѓаните“ високи 79 проценти сакаат бесплатен превоз, наспрема 13, 9 кои не сакаат.

Скоро 45 проценти од испитаните кумановци сметаат дека бесплатниот превоз ќе помогне во заштедата во семејните буџети, 23 проценти сметаат дека ќе се намали метежот, 16 отсто сметаат дека ќе се влијае врз намалување на аерозагадувањето, 6, 4 отсто смеаат дека ќе се ублажи недостигот на паркинг места.

Инаку, во Куманово според анкетата јавен превоз користат 43, 8 проценти од граѓаните кои ги оцениле со тројка вршителите на јавниот превоз во градот.

Анкетата беше направена на репрезентативен примерок од 1018 испитаници на територија на Општина Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 28th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *