Вести

Пoчина Масимо Савиќ

Пoчина Масимо Савиќ

На 61-годишна возраст почина пејачот Масимо Савиќ, соопшти денеска неговото семејство.

– Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов Масимо Савиќ не напушти по кратката, но херојска борба. Иако отиде од овој свет, во нашите души ќе живее вечно, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност“, објавија неговата сопруга и ќерка на неговата официјална страница на Фејсбук.

Масимо Савиќ важеше за еден од највпечатливите и најемотивни вокали на некогашната југословенска музичка сцена. Роден во Пула, кариерата ја почна како фронтмен на њу вејв/синт-поп групата „Доријан Греј“, со која сними два албума во првата половина на 1980-ите, пред да продолжи како соло пејач.

Во соработка со композиторот Зринко Тутиќ сними четири албуми, пред да почне да експериментира со звукот, што резултираше со арт поп, рок и денс проекти.

Савиќ продолжи да снима успешни албуми и во 21. век, со кои остана во самиот врв на хрватската и регионалната музика. Дури девет пати ја освои највисоката хрватска музичка награда „Порин“.

„Масимо кратко беше болен, неговото заминување сите нè изненади“, изјави Лана Чулиг од издавачката куќа „Аквариус рекордс“

Хрватската радио-телевизија објави дека Савиќ починал попладнево во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови.

Radio Bum

December 23rd, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *