Вести
На крводарителска акција во организација на „За наше Куманово“ соберени 80 крвни единици
По повод 101 година од раѓањето на македонскиот книжевник Блаже Конески, здружението „За Наше Куманово” денес организираше крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст.
Како што информираат огранизаторите вкупно биле собрани 80 крвни единици, а 25 граѓани денеска за првпат дарувале крв.
– Дарувај крв, спаси живот е мото кое треба на дело да го спроведуваме, се надевам дека нема да остане само наша иницијатива. Голема благодарност на сите хумани граѓани кои даруваа крв, а сите кои досега немаат дарувано крв ги охрабруваме да го сторат тоа, изјави Ненад Стојановски од здружението „За Наше Куманово”.
Доктор Фикрет Демишоски од институтот за трансфузиона медицина вели дека за жал крводарителството во одредени региони е табу тема.
Прво треба да даруваме крв за болните, бидејќи сите ние можеме некогаш да имаме некој близок на кого ќе му биде потребна крв, а второ ако на младите не им е јасно како и зошто се дарува крв, можат да се обратат кај нас на трансфузиона медицина или да најдат на интернет.
Јас имам 32 години, а досега имам дарувано 25 пати крв што значи дека ако не е добро јас како лекар нема да дарувам, изјави доктор Демишоски, кој упати апел до сите полнолетни граѓани да даруваат крв .
Сузана Андоновиќ










