Вести
„Дедо Мраз на мотор“ утре во Куманово
Во организација на мото клуб „Мечки“ од Куманово под мотото „Тажните најубаво се смеат“,бајкерите утре ќе возат мотори, а целта освен да се допринесе за новогодишната магија е и да се достават подароци за штитениците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.
Сите моторџии во 11 часот ќе се соберат на Градскиот плоштад во Куманово, информираат од мото клуб „Мечки“.
– Во 11-часот ќе бидеме на градскиот плоштад Куманово со нашите пријатели на мотор маскирани како Дедомразовци, како секогаш ќе поделиме изненадувања за најмалите, во 11:45часот тргнуваме од плоштадот со мало дефиле низ улиците за да во 12:00 часот ќе бидеме пред дневниот центар за лица со посебни потреби каде на штитениците на дневниот центар ќе им поделиме подароци и пакетчиња, велат од Мото клуб „Мечки“.
Сузана Андоновиќ
Фотографија – Кумановски муабети.








