Вести
Кумановец со закана одзел пари од обложувалница
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово лишиле од слобода 38-годишен кумановец. Тој се сомничи дека синоќа во 22.35 часот со закана кон вработениот од спортска обложувалница на ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ одзел пари од прометот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.