Вести

Спасовски-Секоја институција во државата мора поединечно да гради капацитети, со цел да може да се одбрани од каков било хибриден напад

Спасовски-Секоја институција во државата мора поединечно да гради капацитети, со цел да може да се одбрани од каков било хибриден напад

Сајбер заканите и сајбер нападите практично се дел од најтешките кривични дела во делот на државната власт и тоа покажува дека сите ние треба да се вклучиме во борбата за да ги спречиме овие закани и напади, потенцираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање за нови информации околу пријавите за бомби.

Спасовски информираше дека е одржан совет за координација на безбедноста, на кој е формиран работен тим и кажа дека секоја институција во државата мора поединечно да гради капацитети, со цел да може да се одбрани од каков било хибриден напад.

-,,Одржавме совет за координација на безбедноста на која имаше повеќе теми на дискусии меѓу кои и сајбер заканите и сајбер нападите. Се формираше работен тим кој ќе се состои од повеќе институции кој ќе работи во делот на спречувањето на сајбер нападите и давање на одговор во делот на сајбер заканите. Оперативниот тим, во кој се вклучени сите, Бирото за јавна безбедност, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, АЕК и други институции бидејќи сајбер заканите и сајбер нападите практично се дел од најтешките кривични дела во делот на државната власт и тоа покажува дека сите ние треба да се вклучиме во борбата за да ги спречиме овие закани и напади.
Во Кавадардци и во Делчево, во фаза сме на расчистување се надеваме и дека ќе го расчистиме случајот на пријавување на бомби, така што полека откривачката дејност и во овој дел се шири. За хибридните закани кои доаѓаат, сметаме дека се дел од испреплетување на геостратешките интереси токму на нашата териорија се напади за коишто треба сите заеднички да дадеме одговор и второ ова покажува колку е важно да се градат капацитетите, човечки и материјално технички на сите институции, со цел да спречиме идни хибридни напади кои може да ни се случат. А тоа нема институција, експерт во државата кој ќе може да биде задолжен за сите за да бидат спречени ваквите напади, туку ќе мора секоја институција поединечно да гради капацитети, со цел да може да се одбрани од каков било хибриден напад- изјави Спасовски во Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 21st, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *