Вести

Во Куманово во последните две години е зголемена купопродажба на недвижен имот за 60 проценти

Во Куманово во последните две години е зголемена купопродажба на недвижен имот за 60 проценти

Во последните две години во Куманово за 60 проценти е зголемена купопродажбата на станови, куќи, деловни простории, земјоделско и градежно земјиште, интересот за набавка на нов имот, но и пренос на наследства и подароци е значајно поголем последниве две години, односно од ковид пандемијата,информираат од Секторот за даноци и такси.

„Самата пандемија ги натера луѓето своите имоти да ги поклонуваат, наследуваат, одредени луѓе и да инвестираат. Познато и во светски рамки е дека во време на кризи се појавува капиталот и да го врзат за одредени имот. Најчесто се купуваат земјишта и тоа е зачестена појава последниве две години од сознанијата од оние кои купуваат информациите се дека ќе служат за фотоволтаични панели, во дел на инвестиции за електрична енергија и тоа е нормално затоа што самите цени се енормно високи “,- вели Ненад Стојановски, раководител на Сектор за даноци и такси при Општина Куманово.

„Во Куманово има сериозно струење на инвестиции, и тоа е добро затоа што општината добива средства од тие инвестиции, граѓаните ги вложуваат во нашиот град“, вели Стојановски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 20th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *