Вести
ИРИ- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е министер со најголем рејтинг во Владата, а на МВР најмногу му веруваат граѓаните
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го има најголем рејтинг во Владата, оцениле граѓаните на последното истражување во анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ.
Анкетата за потребите на ИРИ е спроведена од агенцијата Брима во период септември – октомври на национален примерок од 1.207 испитаници.
Според ИРИ Полицијата е во првите три владини институции во кои граѓаните имаат најмногу доверба.
На прашањето „Кој министер во Владата најдобро ја врши својата работа“ испитаниците најголема доверба искажале кон премиерот Димитар Ковачевски.
По Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска се министрите со најголем рејтинг во Владата сметаат граѓаните кои на анкетата на ИРИ се изјасниле дека тие најдобро ја вршат својата работа.
Сузана Андоновиќ








