Вести

Приведени две лица од Куманово, полицијата им пронашла 4.000 петарди

Приведени две лица од Куманово, полицијата им пронашла 4.000 петарди

Полицијата во Куманово приведе две лица за недозволено држење на пиротехнички материјали, петарди. Во претрес на нивниот дом биле пронајдени 4 000 петарди.

– На 17.12.2022 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37) и А.Б.(28), двајцата од Куманово. При претрес во домот на А.Б., извршен со судска наредба, бил затекнат С.М. и кај него биле пронајдени околу 4.000 парчиња различни видови пиротехнички средства – петарди.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени соодветни пријави, информираат од МВР .

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 18th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *