Вести

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Погубните политики на СДСМ ги чувствуваат сите

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Погубните политики на СДСМ ги чувствуваат сите

Погубните политики на СДСМ ги чувствуваат сите, а најмногу најмладите, истакнаа на денешната прес-конференција Дарко Живковски од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, кој кажа дека не се откажуваат и ќе се изборат за подобро утре.

– Нашите колеги живеат во субстандардни услови во студентските домови, немаат егзистенцијални услови, а образованието е на најниско ниво.
Нашите универзитети не се ни помеѓу 2000 најдобри на Шангајската листа.
За погубните политики на СДСМ свесно е и нивното членство, во Куманово пример го имаме Мартин Захариев, кој ја напушти функцијата претседател на млади сили на СДСМ и замина во странство за подобар живот.
Ние младите од ВМРО ДПМНЕ не се откажуваме оваа е наша држава и сите заедно ќе се бориме, затоа што заслужуваме подобро утре, -кажа Дарко Живковски од Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Куманово.

Сузана Андоновиќ.

Radio Bum

December 15th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *