Вести

Крадец фатен на дело во Куманово

Крадец фатен на дело во Куманово

Полицијата ноќеска фати крадец на дело во Куманово. Тој бил затекнат додека крадел предмети во автомобил паркиран на улицата Србо Томовиќ.

-Денеска (13.12.2022) во 00.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф. (42) од Куманово.
На улицата „Србо Томовиќ“ во Куманово, полициски службеници го затекнале при обид да одземе предмети од патничко моторно возило.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

Radio Bum

December 13th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *