Вести
Едно лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот Табановце- Куманово
Едно лице загина во сообраќајна несреќа која се случила рано утрово на автопатот Табановце – Куманово. Според информациите на полицијата животот го загубил А.А. триесет и шест годишен од село Лојане, тој го управувал абтомобилот фолсфаген голф со кој излетал од коловозот.
– На 12.12.2022 околу 01.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Табановце-Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од с.Лојане, липковско, излетало од коловозот, информираат од Секторот за внатрешни работи.
На местото на несреќата починал А.А, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на несреќата.
Сузана Андоновиќ