Вести
Уапсен скопјанец што крадел во Куманово, одземеното вратено на сопствениците
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Скопје, со место на живеење во Куманово. Тој се сомничи дека извршил четири кражби, од кои три во куќи и една во деловен објект и одзел повеќе предмети.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а А.Р. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.