Вести

Жителите на Тромеѓа трет ден протестираат и не дозволуваат да им се уништат свињите

Жителите на Тромеѓа трет ден протестираат и не дозволуваат да им се уништат свињите

Околу 1000 свињи треба да бидат уништени во село Тромеѓа откако кај едно животно било утврдена болеста африканска свињска чума, жителите на Тромеѓа се револтирани и не дозволуваат уништување на свињите за кои велат дека се здрави. Три дена по ред тие протестираат и бараат од надлежните да дојдат и да разговараат, денес еден час го блокираа регионалниот пат Куманово- Свети Николе.

– Нема да дозволиме да ни ги уништат свињите, тоа е наша егзистенција, ние од тоа живееме. Ако се болни тогаш нема да се противиме, но не даваме да се уништат здрави свињи, велат жителите на Тромеѓа.

,,Сакаат да ни уништат здрави свињи, не сме против ако се болни но зошто здрави свињи да ни уништат, никој не сака да дојде од надлежните да ни каже, да ни објаснат, во селото имаме околу 1000 свињи и сите се здрави. Секој ден ќе протестираме, нема да се откажеме. Лесно е да ни ги уништат но како после ќе чуваме, од каде ќе купиме, – вели Драгољуб Димитриевски од село Тромеѓа.

– Додека не се откажат од уништување на здрави свињи нема да се откажеме од протести и нема да дозволиме уништување на нашиот сточен фонд, ние живееме од одгледување на свињи, вели Марио Зафировски.

– Ние сме земјоделци и од тоа егзистираме, син ми и снаата ми се невработени јас имам пензија од 10 000 денари, од што ќе живееме ако ни ги уништат свињите. Никој не сака да дојде да ни даде одговор, реагира Трајан Николовски.

Директорот на Јавното претпријатие Чистота и зеленило, Даниел Стојчевски бил повикан од жителите на Тромеѓа да им каже каква е улогата на ЈП Чистота и Зеленило.

Нашата обврска е само техничка поддршка, во рамките на кризен штаб ЈП.Чистота е задолжено само за транспорт и закоп на свињите, ние не носиме одлуки за уништување на свињите и даваме само техничка помош на државните институции, вели Даниел Стојчевски, директор на Чистота и зеленило.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 7th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *