Вести
Со пошумување се одбележа Денот на волонтери
Ученици и професори од средните училишта во Куманово заедно со претставници од локалната власт пошумуваа на спомен Костурница по повод 5ти декември Светскиот ден на волонтерите. Акцијата е на иницијатива на претседателката на советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.
– Дваесетина професори присуствуваа на тридневна обука од средните училишта за волонтерство во Берово а тоа ме поттикна да видиме што научиле од обуката и да им дадеме можност тоа да го реализираат, изјави Ѓорѓиевска.
Во акцијата учествуваа ученици од гимназијата Гоце Делчев и средните училишта Перо Наков и Наце Буѓони.
Сузана Андоновиќ