Вести

Јапонија донираше нов ехо апарат за кумановската болница

Јапонија донираше нов ехо апарат за кумановската болница

На интерното одделение во Куманово, месечно со ехо-апаратот, јапонска донација се прават 50-тина прегледи, информираа денеска надлежните на завршувањето на GGP-проектот, на кој присуствуваа, Амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и директорката на ЈЗУ општа болница Куманово, д-р Снежана Захариева.

Со овој проект, Јапонија овозможи ЈЗУ општа болница Куманово да добие нов Canon кардиолошки ехо апарат, во вкупен износ од 54,094 евра.

– Апаратот го добивме минатата година и максимално го користиме. Mногу e потребен за пациентите од целиот североисточен регион. Ултразвучниот апарат беше потребен поради итните случаи кои доаѓаат во болницата за брза дијагностика и ефективно третирање. Со апаратот се спасени многу животи на млади луѓе кои не се сомневале на срцеви проблеми, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева. Таа се заблагодари на амбасадорот, на јапонскиот народ за донацијата, потсетувајќи дека пред десетина година Јапонија донираше за болницата.

Захариева се надева дека ќе се зголеми бројот на прегледи, на 80 месечно, бидејќи двајца лекари од интерно одделение се на субспецијализација. Во моментов има 12 интернисти кои ги лекуваат пациентите од најголемата општина во државата и од соседните пет од североистокот.

– Со помош на новиот ехо апарат, пациентите од шест општини во северо-источниот регион добиваат навремена дијагноза и прецизна терапија. Драги ми е што за една година со апаратот се извршени повеќе од 500 прегледи, вели амбасадорот Савада.

Во текот на посетата, амбасадорот Савада имашесредба со градоначалникот на Општина Куманово, Димитриевски и директорката на ЈЗУ општа болница Куманово, д-р Захариева. За време на средбата тие разговараа за можностите за идна соработка.

Димитриевски се заблагодари за донацијата за болницата и истакна дека соработката со јапонската амбасада е триесетгодишна. Тој потсети дека освен во болницата, јапонскиот народ и амбасадата донираа и за изградба на дел од речното корито на Липковка.

– Ние разговараме во насока на продлабочување на досегашната успешна соработка и изнаоѓање општина со слични интереси во Јапонија со која би потпишале првин меморандум за соработка, а подоцна можеби и збратимување. Во мое лично име и во име на кумановци да се заблагодарам на донацијата, изјави Димитриевски.

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од три милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за COVID-19, дел од програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со КОВИД-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 5th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *