Вести

Тушевски: Владата предводена од СДСМ покажува што значи вистинска грижа за Куманово

Тушевски: Владата предводена од СДСМ покажува што значи вистинска грижа за Куманово

– Кумановци беа прелажани од подлата игра на Максим Димитриевски и ВМРО, а на наредните избори ние ќе ја исправиме грешката и ќе го вратиме СДСМ на пиедесталот, а Максим и ВМРО таму каде што им е местото во политичка пензија, кумановци ќе ги казнат што нема повеќе да излезат на избори во бастионот. Ако оваа цел не ја реализираме тогаш единствените виновници сме ние самите, затоа сите сплотени да покажеме дека можеме, рече Александар Тушевски претседател на Општинската организација на СДСМ Куманово на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

Тушевски кажа дека и покрај тоа што градоначалникот на Куманово не е од СДСМ, Владата без калкулации вложува во Куманово.

-Вложувањата во училиштата, регионалните патишта, покачувањето на платите, пензиите, како и мерките што ги презема Владата за побезболна енергетска и економска криза се само дел од тоа што СДСМ го прави за кумановци. Реновирањето на средното земјоделско училиште Киро Бурназ, Гимназија Гоце Делчев, основните училишта “11 Октомври“ Куманово и “Карпош“ во Умин Дол, спортските сали во “Перо Наков“, “Наце Буѓони“ и “Јероним Де Рада“, како и последните одлуки на Владата – целосно ново училиште „Сами Фрашери“ и реконструкција на кров на “Крсте Мисирков“ и “Браќа Миладиновци“ се доказ дека СДСМ вложува во образованието и се грижи за нашите млади. Санациите и реконструкциите на сите околни патишта и мостови се доказ дека СДСМ се грижи за подобрување на условите за траспорт и транзит на граѓаните и бизнис заедницата“ порача Тушевски.

„Како најголема општинска огранизација имаме најголема одговорност – да бидеме први и најгласни во промовирањето на сите политики кои оваа Влада предводена од СДСМ ги спроведува и да не им дозволиме на нашите опоненти да се надеваат на победа. Мораме сите заедно, со многу труд и пожтвруваност да го вратиме Куманово, да им докажеме дека Куманово е бастион на СДСМ“ истакна Тушевски.

СДСМ ќе победи на следните парламентарни избори, а ќе победи и на локалните избори, за да државата оди напред, а граѓаните да бидат рамноправни со сите во светот, а нашите деца и внуци да имаат своја иднина за да не ја бараат по други држави, рече Тушевски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 1st, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *