Вести
Владата донела одлука за реконструкција на кровот „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ во Куманово
На последната владина седница, а на предлог на Министерството за образование и наука е разгледана и усвоена информацијата за спроведување повеќегодишна јавна набавка за изведување на градежни работи за реконструкција на објектот на ООУ „Браќа Миладиновци“ и на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Општина Куманово, како и услуги за вршење на стручно-технички надзор врз реконструкција.
Притоа беше задолжено Министерството за образование и наука да ја спроведе постапката за проектот кој предвидува замена на стар и дотраен кровен покривач со енергетски ефикасен покрив. Предвидена е и внатрешна замена на стари и дотраени материјали, е наведено во владиното соопштение.
Поради протекување на кровот во училишната зграда, наставата оваа учебна година се изведува во различни објекти низ градот.
Сузана Андоновиќ








