Вести

Пожар во затвор во Кшање

Пожар во затвор во Кшање

Една просторија, соба, била опожарена во казнено поправната установа Кшање во Куманово, инфрормираат од регионалниот центар за управување со кризи.

-Веднаш е информирана противпожарната единица, полицијата, како и социјален работник, бидејќи лицето сместено во притворското одделение е малолетно. При извлекување на притворените од соседните соби еден полицаец од затворот е хоспитализиран поради задушување. Нема повредени осуденици. Пожарот е изгаснат, изјави директорот на затвор Кшање, Ненад Цветковиќ.

Пожарот бил изгаснат од страна на противпожарната служба која интервенирала со едно противпожарно возило и пет пожарникари, во период од 12 часот и 7 минути до 13 часот и 10 минути.

Причината за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдува, информираат од регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 30th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *