Вести

Дали во Куманово сакате бесплатен јавен превоз, градоначалникот бара одговор од граѓаните

Дали во Куманово сакате бесплатен јавен превоз, градоначалникот бара одговор од граѓаните

Преку анкета граѓаните ќе можат да кажат дали сакаат бесплатен јавен превоз во период на енергетска криза.

Анкетата ја објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој информираше дека во тек се интензивни разгори и координации со Светот, со фирмите вршители на јавниот градски превоз во градот за можност од воведување на целосно бесплатен јавен превоз во градот за сите граѓани на сите 26 градски линии.

-Ваквата услуга би се субвенционирала од општинскиот буџет за 2023 година, информираше Димитриевски, кој анкетата ја објави на неговата фејсбук страна.

Граѓаните имаат различно мислење, дел сметаат дека можноста е добра и ќе заштеди од семејните буџети, други пат велат дека ништо не е бесплатно и дека сметката ја плаќаат самите граѓани.

Димитриевски најавува дека ќе излезе со конкретно предлог решение кое треба да помине на советот при гласање на годишна програма и буџет.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 29th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *