Вести
Пилот проект на Чистота и зеленило за селектирање на отпад, граѓаните кои ќе го селектираат отпадот ќе се наградат парично
Во две населби во Куманово, Гоце Делчев и Зелен рид јавното претпријатие Чистота и зеленило со невладината организација ,, Селектирај отпад,, ќе го спроведат пилот проектот за селектирање на отпад .
Граѓаните кои се заинтересирани да учествуваат во проектот, најпрвин ќе треба да се пријават преку апликацијата ,,селектирај отпад,, по што од комуналното претпријатие Чистота ќе добијат кеси за смет, а ќе има и симболични парични награди од 2000 до 500 денари , информираше Даниел Стојчевски , директор на Чистота и зеленило.
– Пред три години започнавме со селектирање на отпад каде беа поставени специјализирани садови за селектирање на отпад, а идејата беше селектираниот отпад да се носи на депонија каде има набавено дополнителна опрема за секундарна селекција од која ќе се оствареше и дополнителен бенефит, но за жал опремата беше уништена од страна на лицата кои собираат пластика, вели Стојчевски кој кажа дека и пред три години граѓаните имале интерес да селектираат отпад.
Проектот ќе трае два месеци, а целта според Стојчевски е граѓаните да се мотивираат да селектираат отпад, за да имаме почиста животна средина. Ќе се селектира пластика и лименки и хартија, а отпадот ќе го собираат екипи на Чистота. По завршувањето на пилот проектот селектирањето на отпадот ќе биде достапен за сите граѓани на општина Куманово.
Сузана Андоновиќ