Вести

Се намалува цената на гасот

Се намалува цената на гасот

Се намалува цената на гасот, за месец ноември за метар кубен граѓаните ќе плаќаат 105 денари, за разлика од месец септември кога еден кубик чинел 155 денари информираше Марко Митровски, директор на јавното претпријатие Куманово Гас.

Цената на гасот во моментот е висока, во споредба со декември 2021 кога кон потрошувачите била 30 денари.

Поради високата цена на гасот правните субјекти ги откажале договорите со Јавното претпријатие Куманово Гас, а се намалил и бројот на приватните субјекти. Сега со изедначувањето на цените со нафтените деривати дел од правните субјекти ќе се вратат и ќе продолжат да го користат гасот како енергенс за затоплување, вели Марко Митровски.

Според анализите кои ги има направено ЈП Куманово Гас, гасот како енергенс е најскап во моментов во споредба со нафтата, дрва и пелети, но има најголема моќ на затоплување, а корисниците ќе го користат и за топла вода и за готвење, информира директорот Митровски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 2nd, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *