Вести

После 26 години Гимнастиката во Куманово се враќа на врвот, три медали за гимнастичарите од Атлета на државно првенство во Битола

После 26 години Гимнастиката во Куманово се враќа на врвот, три медали за гимнастичарите од Атлета на државно првенство во Битола

Три медали освоија гимнастичарите на клубот „Атлета“ од Куманово на Државното првенство во Битола во поединечна конкуренција. Со овој успех гимнастиката во Куманово се враќа на врвот,а за поголеми успеси на гимнастичарите потребна е и спортска сала алармираат тренерите.

На државното првенство клубот „Атлета“ учествуваше со 19 натпреварувачи, од кои 9 во машка и 10 во женска конкуренција.

Во силна конкуренција на преку 150 натпреварувачи од целата држава кумановските гимнастичари освоија три бронзени медали во поединечна конкуренција.

Освоивме прво место во екипна конкуренција машки (помлади јуниори) и два бронзени медали во поединечна конкуренција, изјави тренерот на клубот Филип Миленковски.


Во машка „А” програма до 9 години, Милош Јовановиќ освои трето место во категорија помлади јуниори, а во „Б“ програма јуниори Бојан Ефремовски исто така се избори за 3 место.

Во женската „А” програма Вања Денковска освои 3 место во категорија јуниорки во поединечна конкуренција.

– Во екипна конкуренција, освоивме прво место во категорија јуниорки и трето место во категорија помлади пионерки“, изјави тренерот Никола Златановски.
Натпреварите беа во „А“ програма во машка и женска категорија и во “Б“ програма во машка категорија.

– После 26 години Гимнастиката во Куманово се враќа на она место каде што припаѓа. Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет бидејќи на Куманово му е потребна Гимнастичка сала, од причина што градот има голем број на гимнастичари кои сакаат да се занимаваат со овој спорт, вели тренерот Миленковски.

Radio Bum

November 1st, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *