Вести
Петровска: Од ноември припадниците на Армијата ќе земаат плати повисоки за 2.000 денари
Министерката за одбрана Славјанка Петровска најави дека од денес припадниците на Армијата добиваат покачување на платите од 2.000 денари, а исплатата на отпремнината во висина од две просечни плати, но не помалку од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата започнува следната недела.
Се отвара уште една можност за сите оние професионални војници кои ќе наполнат 45 години, со што им престанува нивниот договор за работа како професионални војници, да земат отпремнина, да останат во Министерството или пак да бидат превземени во некоја од другите институции, рече Петровска зборувајќи за измените на законот за служба во Армијата кои беа договорени во дијалог со сите четири синдикати и во кои се вклучени платите и покачувањата и други придобивки и бенефиции.
Министерката истакна дека пресметките се веќе вкалкулирани во буџетот и од следната недела ќе започне исплатата на отпремнина за професионални војници кои ги исполнуваат условите и доставиле барање за отпремнина.








