Вести
Отворен ден во Основен суд Куманово, ученици и граѓани заинтересирани како и што се работи во судот
За работа на Основниот суд Куманово, како и што работат судиите и судската администрација, денес на отворениот ден на судот се запознаа ученици од основни и средни училишта во Куманово, а по повод Европски ден на граѓанска правда – 25 октомври каде беше организиран отворен ден за граѓаните.
Судиите, вработените во судот одговараа на прашања на учениците кои се однесуваа на бројот на решени предмети и генерално за работата на судот.
Основниот суд Куманово е со проширена надлежност, постапува по сите видови предмети во граѓанска и кривична материја. По бројот на предмети и подрачјето кое го покрива и бројот на жителите во општините од североистокот овој суд е меѓу најголемите во државата, трет, веднаш по скопските. И според извештајот на Судскиот совет, Основниот суд Куманово последниве четири години е ажурен суд.
-Во овој момент судот има избрани судии кои постапуваат по предмети кои се во помал број од потребното на судот. Се соочуваме со недостиг на судии поради пензионирање и одлив на кадар. Судот согласно одлуката на судскиот совет треба да има 35 судии, а во моментов работиме со 20 судии и генерално покрај овој проблем ги покриваме потребите на граѓаните од регионот, изјави в.д.претседателката на Основен суд, Куманово, Снежана Манев.
Судската служба е добро покриена, наведуваат од Основниот суд Куманово.
На отворениот ден во кумановскиот суд присуствуваа нотари и адвокати од Куманово.











